По повод отворањето на 16. издание на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, се одржа прес конференција на стадионот „Петар Милошевски“. Фестивалот се отвара со големиот музички спектакл, „Симфонија на ѕвездите“. Годинава, БИТ ФЕСТ, ја задржува својата оригинална форма на поддршка на квалитетни и традиционални настани, кои ги отсликуваат културните вредности на Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека отворањето на фестивалот, го најавува и квалитативниот концепт на овогодишното издание .

Програмскиот дел започнува со содржини за најмладите, односно мини олимпијада, по чие што завршување ќе следува загревање на атмосферата со настап на ДЏ- и, до официјалното отворање во 21:00 часот и настапот на главните ѕвезди на вечерта. Една од главните звезди е CHILLER Schiller, или како што е уште познат Christopher von Deylen, синоним за иновативноста во светот на електронската музика. Неговите композиции ја освежуваат електронската сцена, и создаваат целосно ново музичко искуство. Во својата кариера, Schiller успеа да издаде многубројни успешни албуми кои се најдоа повеќе пати на врвот на музичките топ листи низ цела Европа.














