После минатогодишната успешна „Зимска приказна“, која општина Битола ја организираше за првпат, а предизвика голем интерес пред се кај нашите сограѓани, битолчани, но привлече и голем број гости од повеќе градови низ државата, оваа година во пресрет на Новата година, започна второто издание на Новогодишната „Зимска приказна“.
Програмата ќе трае до 31. декември, односно вкупно 8 дена на 3 локации, каде ќе бидат претставени 62 проекти.
Програмата вклучува соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, културните институции, бизнис секторот, невладиниот сектор и изведувачите од домашната музичка сцена.

Програмата започна со настапот на КУД. Стив Наумов. Дел од предновогодишното празнување, е и богатата детска програма. Па така во овој дел се претставија ѕвездите на Тра-ла-ла, Театарот Дел Арте ја изведе претставата „Новиот Елф“, настапија EXPOSE Dance Studio, Дувачкиот оркестар на Битола и група Гром .

Следниот ден беше резервиран за најмладите: беа изведени детската театарска претстава ,, Новогодишна забава “ на Интимниот театар, претставата „Новогодишна брканица“, „Две новогодишни елки“ на Театарот Солза и смеа, претставата „Весели ѕвончиња“- Балада Арт, настапи детскиот хор на градинката Мајски Цвет.
На Широк Сокак вниманието го привлече настапот на учениците од Државно музичко училиште, а пред офицерскиот дом настапија Sound waves, Code 369, Паркети и Виктор Апостоловски.
Ова е период кога се чувствва радоста во градот,а програмата е за сите возрасти.
За првпат со новогодишна програма се раздвижува и Старата битолска чаршија, а настаните во тој дел ќе се случуваат на пешачката улица. ОФФ програмата ќе има улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка ДЏ. програма низ битолските кафе барови.












