В сабота од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одржи првото издание на „Паљо Класик“ – интернационален турнир во боди-билдинг, кој ќе стане традиционален и секоја есен ќе се одржува во Битола.
Организаторот, Зоран Лазаревски – Паљо и неговиот Фитнес клуб Паљо, се оптимисти дека викендов во градот на билдерите ќе биде организиран настан за паметење.
„Ова е еден долг сон кој го замислив преде десетина години, но немаше услови да се реализира. На последниот состанок на Боди-билдинг федерацијата на Македонија ја понудив идејата да се вклучи ова натпреварување во годишниот календар и секоја година да се одржува во Битола. Ги поканивме сите натпреварувачи од Македонија, но нема да биде затворена манифестација, па поканивме натпреварувачи од соседството. Најавени се боди-билдери од Романија, Хрватска, Косово.
Никогаш немало вака голем награден фонд, кој ќе биде стимулација за натпреварувачите. Обезбедивме 5.000 евра кои ги распределивме за победниците. Јавноста знае дека Македонија има светски шампион, Мери Акиевска, девојка која испиша историја и таа ќе се натпреварува во Битола. Целиот македонски боди-билдинг тим ќе учествува на „Паљо Класик“ во Битола“, рече организаторот Лазаревски.
Билети по цена од 250 денари веќе се продаваат во Фитнес клуб Паљо од Битола.












