ТЕРА

REKLAMA???

ВОЗОБНОВЕН ТУРН-СКИ НАТПРЕВАРОТ НА ПЕЛИСТЕР ПО 84 ГОДИНИ

Викендов на Пелистер, после 84 години, повторно се одржа турно-ски натпревар во организација на ФПСМ и ПСК Пелистер од Битола.

Пелистер го дочека денот кога се возобнови ова натпреварување на кое оваа година свое учество пријавија 24 натпреварувачи од повеќе планинарски клубови од земјава. Патеката која беше предвидена и најавена, поради наглото затоплување со надпросечно високи температури за овој период од годината, беше скратена за повеќе од половина со вкупна должина која изнесуваше 3.8 км со 426 метри надморска висина искачување.

Атмосферата на натпреварот беше одлична, полна со позитивна енергија, како и вкупната организација, која беше на високо ниво со максимално вложување на организаторите и волонтерите. Натпреварот беше од ревијален карактер, се со цел од наредната зимска сезона да стане дел од првата акедонска турно-ски лига.

Постигнатите резултати по категории:
Сениори:
Мартин Котевски – 50:54 – ПК Кораб-Скопје
Томица Котевски – 51:44 – ПК Кораб-Скопје
Методи Чилиманов 51:47 – ПСК Х2О-Скопје

Ветерани:
Томица Котевски – 51:44 – ПК Кораб-Скопје
Саша Котевски – 56:33 – ПК Кораб-Скопје
Спасе Џамтовски – 1:02:31 – ЗП Великамен-Охрид

Сениорки:
Сања Спасовска – 1:15:42 – ХМКД-Скопје
Нели Панова – 1:25:12 – ПСК Пелистер-Битола
Тамара Котевска – 1:31:00 – ПК Кораб-Скопје