ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ДЕНЕСКА ДО 17 СТЕПЕНИ

Утрово беа измерени 3 степени во Берово, 5 Попова Шапка, 6 Крива Паланка, 8 Струмица, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Крушево, Маврови Анови, 10 Куманово, Лазарополе, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Битола, Охрид, Претор, Дојран, 13 Штип, Демир Капија, 14 Дебар.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне кога претежно во северозападните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Битола до 17 степени.