ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ДЕНЕСКА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утрово 3 степени во Берово, 5 Лазарополе, 6 Крива Паланка, Крушево, Попова Шапка, 7 Струмица, Маврови Анови, 8 Кавадарци, Гевгелија, 9 Охрид, Претор, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Велес, Штип, 11 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија.

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 18 степени.