Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Дневните температури од 26 до 36 степени, во Битола до 32.













