Шефот на Мосад, Барни денеска ќе се врати во Израел, а израелската работна група на високо ниво составена од претставници на Мосад, воената разузнавачка служба (АМАН) и агенцијата за внатрешна безбедност Шин-Бет (Шабак) ќе остане во Катар неколку дена каде официјално започнаа преговорите за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека сепак ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење во нападот врз еврејската држава на 7 октомври, објавија британските медиуми.
Блинкен зборуваше денеска на прес-конференција на Филипините пред уште една турнеја на Блискиот Исток од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.

















