В петок на 3 октомври со почеток во 17:00 часот во дворот на Општина Новаци ќе се одржи предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ. На митингот ќе присуствува премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ќе биде претставен кандидатот за градоначалник за втор мандат Стевче Стевановски, како и носителот на листата Илче Трајковски и кандидатите за советници.
„Доаѓаме заедно да испратиме силна порака за промени, надеж и подобра иднина! Вашата поддршка е нашата сила! Да се обединиме за победа! Да го избереме патот на иднината што ќе ја памети историјата“ вели кандидатот за градоначалник на Новаци, Стевче Стевановски.












