ТЕРА

REKLAMA???

ГЛАВНИОТ НАСТАН НА БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Градскиот парк во Битола е местото каде утревечер ќе се одржи главниот настан на „Битола отворен град“.

Директорот на МКЦ Битола кој е организатор на „Битола отворен град“ вели дека му е драго што во годината кога МКЦ одбележува 25 години од своето постоење, го реализираат ова 21-во издание на фестивалот „Битола отворен град“.

„Ова е најстар и најголем урбан настан што во Битола и регионот на југозападниот дел на Македонија се реализира. Предизвикот беше уште поголем бидејќи после пауза од две пандемиски години, сега во понормални околности го реализираме ова издание и сметам дека ќе се соочиме со навистина интересни моменти кои што ќе можеме да ги проследиме во текот на фестивалот“, вели Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.

Вели дека оваа година фестивалот се фокура на младата генерација.

„Идејата беше да ги привлечиме да бидат вклучени младите и во реализцијата на фестивалот и како публика. Радува фактот што по пауза од повеќе години бројот на волонтери и интересот за волонтирање на фестивалот е огромен, бидејќи околу стотина млади луѓе се пријавија да волонтираат уште пред петнаесетина дена пред почетокот на фестивалот, тие секојденвно се во МКЦ околу фестивалските случувања и се соочивме и со ситуација да немаме можност да ги ангажираме сите заинтерсира, што долги долги години не било случај, не радува и фактот што заради програамта која ја понудивме привлекуваме млада публика“ вели тој.

Големиот музички хепенинг е утревечер со почеток во 20.00 часот во Градскиот парк.

Ќе настапат три музички бендови, битолската група ВЕЛ, бендот БAiLDSA од Солун, Грција и Helem Neјse од Сараево, Босна и Херцеговина. Фестивалот се одржува во рамките на БИТ ФЕСТ.