ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО КИНА ПРОТИВ КОВИД МЕРКИТЕ

Протести против строгите ковид мерки во Кина избија викендов. Властите почнаа да преземаат мерки за нивно разбивање. Силно полициско присуство е забележано во Пекинг, Шангај и во други големи градови.

Од Кина доаѓаат извештаи и дека властите почнале истрага против некои учесници во протестите и дека се проверуваат телефони.

Бранот граѓанска непослушност избувна по смртоносниот пожар во зграда во градот Урумчи, на западот во земјата, во кој загинаа 10 луѓе. Сведоците на трагедијата велат дека поради ковид-рестрикциите граѓаните не можеле да го напуштат објектот, а пожарникарите доцнеле со интервенцијата.

Поради ова, илјадници луѓе излегоа на улиците во изминатите денови, барајќи укинување на карантините врз кои што се базира кинеската нулта ковид политика, а се слушаа и повици за оставка на претседателот Шји Џинпинг.

Кина информираше за нов дневен рекорд по број на Ковид-19 инфекции, со 40.347 новозаразени. Градовите Гуангжо и Чонгчинг, кои имаат илјадници заразени, не успеваат да ја сузбијат заразата. Неколку стотици инфекции се регистрирани во повеќе други градови низ земјата.