ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО ХЕРАКЛЕЈА – СПЕКТАКУЛАРНА ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА, ЕМОЦИИ И ТРАДИЦИЈА

Влатко Миладиноски, на 29 јули ќе одржи голем концерт во магичниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја во Битола.

Концертот започнува во 21:00 часот, а публиката ќе има ретка можност да ужива во незаборавна вечер исполнета со безвременски македонски песни, силни емоции и врвна музичка продукција.

На сцената, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 врвни музичари, кои ќе изведат авторски композиции и специјално аранжирани македонски песни. Со внимателно подготвена сценска продукција и уникатен амбиент под отворено небо, концертот ветува вистинско музичко доживување.

Покрај богатата музичка програма, организаторите најавуваат и специјални гости од македонската естрада, кои ќе придонесат вечерта да биде уште повозбудлива и исполнета со изненадувања.

Хераклеја повторно ќе биде местото каде што ќе се слави македонската музичка традиција, а публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на Влатко Миладиноски, изведени во придружба на голем оркестар, во амбиент што ќе создаде незаборавни моменти.