ТЕРА

REKLAMA???

ГУТЕРЕШ ЈА ОСУДИ РУСКАТА АНЕКСИЈА НА ДЕЛОВИ ОД УКРАИНА

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја осуди одлуката на Русија формално да изврши анексија на четири окупирани делови од Украина.

Според Гутереш, Русија, како една од петте постојани членки на Советот за безбедност, има одговорност да ја почитува повелбата на светската организација, додавајќи дека анексијата нема никаква правна вредност и не смее да биде прифатена.

Рускиот претседател, Владимир Путин, утре ќе ги потпише документите со кои и формално ќе се анексираат четирите украински региони, по референдумите одржани на нивната територија, кои Западот и властите во Киев ги отфрлија како фарса.

На црвениот плоштад во Москва веќе е поставена бината на која е најавено обраќањето на Путин и концерт за прослава на присоединувањето на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје со Руската федерација.