ТЕРА

REKLAMA???

Дали е скап пазаро во Битола (мала анкета )

Вторник е пазарен ден во Битола и на градскиот пазар може да се најде се – од игла, до зајак.

За ова време од летото многу од производите имаат своја вообичаена цена – главно прифатлива за поголем дел од населението. Прашавме дали денеска е скап пазарот?

Еконoмистите анализираат дека „скапотијата“ на пазарот треба да се процени со тоа што го споредуваме. Доматот, пиперката, краставицата и бостанот се сезонски па цените на овие производи се значително пониски од пролетните месеци.

Но, велат општите инфлаторни движења и турбуленциите на поскапувања на горивата и транспортот водат до потребата земјоделците и прекупувачите да ги држат нешто повисоко базичните цени во споредба со минатите години. Затоа, возрасните сметаат дека пазарот е скап.

А според последните податоци од Синдикатот, минималната кошничка за јуни 2026 година изнесувала 86.654 денари за четиричлено семејство без сопствен автомобил. 36% или преку 25 илијади денари отпаѓаат на храна и пијалоци, 6.5 илјади на облека и опбувки, околу 6.000 за рекреација и култура ( под услов да не одите на одмор) скоро исто толку на транспорт. И , статистички споредувано, синдикалната кошничка била иста и во мај, помалиу за само 88 денари.