ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ЗАМРЗНАТИ ИЛИ НЕ, ЦЕНИТЕ СЕ ВИСОКИ, ВЕЛАТ БИТОЛЧАНИ

Од четврток 1 јуни повеќе нема да важи мерката на владата за замрзнати цени на дел од земјоделски производи, но и за белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните проиозводи, а се одмрзнуваат и цените на хигиенските производи, како пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња, хигиенските влошки. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат и замрзнати и одмрзснати цените на производите се високи, посебно за оние граѓани кои што се со ниски примања. 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес образложи дека цените се одмрзнуваат оти сè што досега ја кревало цената е нормализирано.

„Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Но, подготвени сме будно да следиме, ако евентуално се случи тоа да реагираме, но мислам дека нема услови за тоа, рече Битиќи, на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто, рече тој.