ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ И КОЛКУ СТУДЕНТИТЕ ГО ПРЕПОЗНАВААТ СЕКСУАЛНОТО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ!?

На битолскиот универизитет беше промовирана монографијата „Сексуално вознемирување на универзитетите во Македонија“ од професорите од Правниот факултет: д-р Ице Илијевски, д-р Ивона Шушак Лозановска и д-р Ангелина Станојоска.

Станува збор за истражување во кое се сумирани резултати од девет универзитети од Република Македонија, спроведено на 330 студенти – испитаници, во период од година половина.

Вон. проф. д-р Ице Илијевски во разработката на поимот и појавните облици на сексуално вознемирување посочува дека сексуалното вознемирување е сложен општествен проблем и претставува една од формите на родово засновано насилство. Тој смета дека студентите не го препознаваат доволно и го поистоветуваат со други форми на сексуална деликвенција.

Според доц. д-р Ивона Шушак Лозановска која во Монографијата учествува во делот на правното уредување, неопходно е универзитетите активно да се ангажираат и да пристапат кон изготвување и донесување посебни правилници за заштита од сексуално вознемирување со кои ќе се уредат комплетните постапки за заштита од овој тип негативно однесување во академски контекст.

Вон. проф. д-р Ангелина Станојоска во претставувањето на виктимизација и превенција од ова негативно однесување, истакнува дека 80 проценти од студентите кои посочиле дека имале ваквото искуство им се обратиле на блиски пријатели или родители, бидејќи студентите имат недоверба кон универзитетите, во отсуство на правна рамка за заштита кога се виктимизирани.

Резултатите покажаа дека сексуалното вознемирување постои, меѓутоа постои и висока темна бројка зашто голем дел од студентите не го препознаваат.

Актуелноста на темата поврзана со истражувањето предизвика голем интерес и во панел дискусијата, при што е констатирано дека со Монографијата се прави значаен чекор во  понатамошни истражувања на ова проблематика.

Поздравни обраќања одржаа ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, проректорот за наука проф. д-р Горан Илиќ и в.д. деканот на Правниот факултет, проф. д-р Александра Патоска.