Имаме ѓубриште велите, треба да немаме, како ќе немаме, го прашавме градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски кој беше дел од трибината која деновиве се организраше во Битола.
„За жал во Општина Новаци, децении наназад, повеќе од 40 години се депонира на нерегулиран , на начин на кој не знаеме ниту како се депонира отпадот, значи имаме едно нерегулирано ѓубриште кое што по сите основи ја загрозува животната средина во нашиот регион во Општина Новаци. Во моментот на таа депонија има повеќе од 2 милиони тони отпад, кој што не знаеме каков отпад е. Покрај комунален имаме и секаков. Ова што државата веќе неколку години се труди да го напарви ќе мораме можеби ние да бидеме генерацијата која што ќе направиме еден чекор напред и ќе се спасиме од ѓубриштата кои што ни ја загрозуваат не само Пелагонија, туку цела Македонија“ вели Стевановски.
Го прашавме и за искуставата од посетата во Србија.
„Во Србија бевме да го видиме начинот на управување на отпад на една општина која што има успешна приказна, слично ќе биди како нашиот начин на управување со отпад, делењето во првата фаза на фракциите на отпадот ќе биде сличен, ја видовме приказната како од неуспешно, стана успешно претпријатие, комуналното претпријатие на таа општина, на Чајетина, значи успешно продуктивно претпријатие кое што работи по сите европски нормативи и се стреми да направи уште подобри и поуспешни чекори“ рече градоначалникот на Новаци.
Како одговор на протестите, Мицкоски во една прилика вели што ако Новаци и ја спушти рампата на Битола, побаравме одговор и за ова.
„Ние имаме такво законско право и според статутот на нашата Општина да го направиме тоа, бидејќи на наша територија одлага друга општина која што го причинува повеќе од 98 посто отпадот и можиме тоа да го направиме, меѓутоа еве ние сме тие кои што сакаме да најдеме решение на целата ситуација и да се надминат проблемите кои што ги имаме, да воспоставиме центар за управување со отпад, онаков каков што имаат воспоставено многу поразвиени земји од нас“ ни одговори Стевановски.
Го прашавме дали им гарантира на граѓаните дека кога ќе се направи овој центар, нема да биде она што е и од она што некој стравува?
„Секако дека гарантираме и секако дека и колку граѓаните да стравуваат, во право се во тоа што го кажуваат, меѓутоа ние сме генерацијата која што ќе треба да го направи тој чекор и да направиме соодветен начин без народот да се грижи за тоа дека имаме правилен начин на управување со отпадот. Во најмала рака секако дека ќе биде подобро од она што во моментов ни се случува на депонијата во Мегленци.
Има две главни причини кои што се од особено значење за регионот ако се воспостави новиот центар за управување со отпад, а тоа е, едната е што ќе се направи нова патна делница, ново патно поврзување кое што ќе води директно до центариот за управување со отпад, а тоа ќе биде причина за нов економски раст и развој на регионот, значи нова патна делница, новата патна делница е причини за нов економски развој и другата главна причина е што со овие средства кои што ќе ги земи државата како заем од Европската банка за обнова и развој ќе се затвори нерегулираното ѓубриште во Мегленци, по сите европски стандарди, кое што чини повеќе од 7-8 милиони евра. Значи две главни причини со кои што ќе се спасиме од оваа еколошка катастрофа во моментов што ја имаме во Мегленци, каде што имаме ѓубриште кое повеќе од 20 пати ни се запалува во текот на годината“ рече Стевановски.












