ТЕРА

REKLAMA???

ДВЕ ТРЕТИНИ ОД КИЕВ Е БЕЗ СТРУЈА

Две третини од Киев сè уште е без електрична енергија, еден ден откако руски ракетни напади ги предизвикаа најголемите прекини во главниот град во изминатите девет месеци откако е почната војната. Температурите во текот на ноќта паднаа под нулата, а улиците на главниот град утрово се замрзнати, јавува Скај њуз.

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека електричарите работат на поправки „што е можно поскоро“, но додаде дека ситуацијата „во голема мера зависи од националната електрична мрежа“.

Поради руските напади, снабдувањето со електрична енергија на околу 10 милиони потрошувачи беше подолго време во прекин. Во исто време, националниот оператор на Украина, кој ја снабдува земјата со електрична енергија, објави дека ќе мора да прибегне кон дополнителни прекини на струја низ целата земја.