ТЕРА

REKLAMA???

ДЕБАТА ЗА УРБАНАТА МОБИЛНОСТ ВО БИТОЛА

Како дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот и како прва активност од конституирањето на новиот состав на Локалниот економско социјален совет ( ЛЕСС), МКЦ Битола во соработка со ЛЕСС ја одржаа јавна дискусија на тема: „Урбана мобилност – можности, практики и одржливи проекти“.

Учесниците на јавната дискусија ги поздрави градоначалникот на општина Битола.

Денешната тема “Урбана мобилност – можности, практики и одржливи проекти“, ги третира токму најважните прашања, за кои како локална самоуправа настојуваме да спроведеме одржливи решенија, кои истовремено ќе овозможат подобрување на можностите за транспорт во Битола, заштита на животната средина, а сето тоа ќе претставува и соодветно постапување во услови на енергетската криза со која сме соочени“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Заменик претседавачот на ЛЕСС и секретар на општина Битола, Борче Димитровски, информираше дека, конечно она за што се говори повеќе од една деценија во Битола, за неколку месеци ќе почне да се имплементира.

Тој нагласи дека, оваа локална самоуправа, поддржувајќи го континуитетот, одлучи да изврши проверка на изготвената документација во изминатиот период во соработка со стручни лица, така што општина Битола во моментот има основен сообраќаен проект со одобрение, а во фаза е изработката на градежен проект.

Во делот на урбанистичкото планирање и урбаната мобилност во Битола, говореа Благојче Цветковски и Томе Кукановски, од јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг при општина Битола.

Професорот Никола Крстаноски, од Техничкиот факултет во Битола, стави акцент на изворот на проблемот во современите градови и современиот пристап за негово решавање преку одржлива мобилност, специфичностите кои бараат посебен пристап, недостатоците кои датираат од минатото, проблемите со постојното законодавство и уличната инфраструктура, како и проблемот со организацијата на јавен градски превоз.

За искуствата од Скопје во однос на планирањето и одржливата урбана мобилност, зборуваше Снежана Домазетовска од одделението за урбанистичко планирање при општина Центар,

Taa e и член на Здружението „Скопје на точак“. Прашавме колку ваквите активности имаат влијание.

На јавната дискусија, присуствуваше и Душан Петриќ, претседател на советот на општина Стари град, кој ги пренесе искуствата и состојбите во збратимениот град на Битола, Стари град – Белград.

Настанот се реализираше во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ на МКЦ Битола, со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.