До утрово до 8 часот најмногу дожд наврна на Попова Шапка 44 л/м2, 33 Пожаране, 31 Маврово, 29 Тетово, 21 Лазарополе, 19 К.Паланка, 18 Скопје-З.Рид, 17 Куманово, 9 Ѓуриште, 7 Скопје-Петровец, 3 Крушево, 1 Охрид, Берово.
Утринските температури беа: 9 степени на Попова Шапка, 10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, 12 Крушево, 14 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Берово, Претор, 15 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Охрид, 17 Битола, 18 Штип, Гевгелија, Дојран, 19 Демир Капија.
Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, пообилни во северозападните делови. Утрово и понатаму преовладува облачно време со локален дожд. Во југозападните и југоисточните делови понекаде има делумно намалување на облачноста. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. Во Битола до 23 степени.












