Два тимови на Македонското еколошко друштво, заедно со претставници на Националниот парк Галичица, Паркот на природата Езерани (Општина Ресен) и заинтересирани граѓани, ги изброија водните птици по источниот и западниот брег на Преспанското Езеро. Согласно прелиминарните анализи на собраните податоци, регистриравме 14.357 единки од 19 различни видови. Во исто време, нашите партнери од Society for the Protection of Prespa (SPP) од Грција и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania од Албанија ги броеја птиците на нивната страна од езерото, па целосните податоци за прекуграничниот Преспански регион ќе ги имаме наскоро, соопштија предмалку од Македонското еколошко друштво.
Денешното пребројување на водните птици во Преспа е дел од нашите веќе традиционални активности во рамки на Меѓународниот зимски цензус на водни птици, кој што на глобално ниво се одржува по јубилеен 60-ти пат, велат од таму.
Утре активностите продолжуваат со броење птици на Охридско Езеро.
Денес се пребројуваа водните птици во Преспа, има 14.353 единки од 19 видови

















