Една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, Дина Јашари, кон крајот на март ќе одржи мини турнеја во Хрватска, каде што во Чаковец, Риека и Загреб ќе го претстави
својот деби албум „Растенија без корен“ – издание кое веќе привлекува сериозно внимание кај публиката и медиумите.
„Растенија без корен“ е албум составен од девет песни создадени во текот на
последните три години и претставува интимен и искрен музички дневник на
уметницата. Со звук кој природно се движи помеѓу поп, нео-соул и џез, албумот
нуди органичен, жанровски разнолик и современ израз, што ја издвојува
Дина како еден од најавтентичните нови гласови на сцената.












