ТЕРА

REKLAMA???

ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ВОДАТА

„Водовод“ не прави рестрикции на вода и покрај тоа што многу од граѓаните се уверени во тоа.

Напротив, се користат сите механизми за непречено снабдување со вода низ целата мрежа кадешто ова јавно комунално претпријатие ја нуди услугата на чиста вода за пиење.

Денешното известување од ЈКП „Водовод“ е во насока кон точна информација на граѓаните, вели директорот Андреј Гинов во телефонски разговор за ТЕРА.

„Дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување. Прекинатото водоснабдување ги поттикна граѓаните да реагираат“, вели директорот Гинов, реакции кои прераснале во неточни информации.

Тој вели дека моментално се соочуваме со голема потрошувачка на сирова вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување.

„Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона“ вели Гинов.

Од „Водовод“ го повторуваат апелот до граѓаните за внимателно, штедливо користење на водата.

Летните температури наметнуваат потреба на поголема количина вода, но краткотрајните и малубројни дождови не придонесуваат за полнење на сите капацитети кои ги има градот од каде со претходна преработка, се користи водата за пиење.