ТЕРА

REKLAMA???

„ДОМ” е новата авторска песна на Давид Темелков

Давид Темелков  на Макфест  ја претстави својата нова авторска песна „ДОМ”, со која го најавува својот трет албум. Овојпат не се задржа само на музиката, текстот и аранжманот. Тој ги потпишува и сценариото и режијата на видеоспотот, снимен на седум локации, а пред камерите ги собра великаните на македонското глумиште – Марија Кондовска и Владо Јовановски.

Новата песна пристигнува во пресрет на неговиот прв солистички концерт во Загреб, закажан за 11 ноември во “Творница културе”. Единаесет години живот и музичко творештво низ Балканот, нов албум на повидок и концерт со кој ќе заокружи едно значајно поглавје од својот досегашен авторски пат – Давид оваа есен има неколку добри причини за славење.