ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЛДСОН ГО НАПУШТИ ТФТ И ПОТПИША ЗА ПЕЛИСТЕР

Aмериканскиот плејмејкер Донован Доналдсон го напушти ТФТ и својата кариера ќе ја продолжи во Пелистер.

Поранешниот кошаркар на Гостивар настапи на дуелот од Кошаркарската Лига на шампионите против Кемниц, како и во Суперкупот против МЗТ Скопје, но не ги оправда очекувањата од него. Со Кемниц имаше седум поени, четири скока и четири загубени топки за безмалку 36 минути, а во Суперкупот беше нешто поефикасен, за 21 минута постигна 12 поени, но ТФТ ја стигна високата негатива кога тој беше на клупата.

Дека нешто ќе се менува во ТФТ, можеше да се насети и од изјавата на тренерот Боро Смилковски по дуелот со МЗТ Скопје кога рече дека пресвртот во играта дојде кога на теренот беа домашни кошаркари. Таквата ситуација ја искористи Пелистер кој со Доналдсон ја засили плејмејкерската позиција.