ТЕРА

REKLAMA???

Др.Трпчевски за медицинските и социопсихолошките аспекти на бременост после 50-та година

Во денешниот актуел со Прим.Д-р.Таше Трпчевски од болницата „Плодност“ во Битола разговаравме за медицинските и социопсихолошките аспекти на бременост после 50-та година. Бременоста во поодминати години е вели ризична бременост, затоа што во ризик е и мајката и плодот. Но сепак желбата на мајките и нивната храброст да донесат една ваква важна одлука во живот, во болницата Плодност значи реалност. Досега вели др.Трпчевски во нивната болница имале многу примери на забременување на жени после 40-тите години, од 40 до 45 години, меѓутоа малку примери како и во литературата и во целиот свет на забременување на жени после 50-те години. Затоа тој апелира идните мајки првенствено да размислуваат за мајчинството, а кариерата и другите причини да ги остват за покасно.

„На сите ни е познат концептот на биолошкиот часовник, односно дека после 35- та година оплодниот петенцијал кај жените се намалува, очигледно е дека денес имаме се поголем број на жени коишто станале мајки после 35- та година. Со развојот на новата репродуктивна технологија со воведувањето на инвитро постапките, се чини дека тој часовник ја губи својата важност, односно ни 35-та година повеќе не е граница, така што денеска сме сведоци на породување на жени после 40-те години, а имаме примери и на породување на жени и после 50-те години. Бременоста во поодминати години е во ризична бременост, затоа што во ризик е и мајката а и плодот. Иако има свои бенифити и предности има одредени потешкотии и компликации. Мајката во текот на носењето на плодот може да добие висок крвен притисок, може да добие гестациски дијабетес, кај новороденото може да имаме зголемен ризик за хромозомски аномалии, може да имаме дефекти неуролошки, чести се предвремените породувања, а некогаш може да има и психомоторни комликации. Но, иако ова е ризична бременост, сепак желбата на мајките и нивната  храброст да донесат една важна одлука во нивниот живот, тоа значи дека нивната желба станува реалност и покрај сите ризици коишто ги носи бременоста после 50-тите години.

Бременоста во овие години е тема на многу дискусии, законски е различно регулирана бременоста после 50-те години во различни земји. Нема доволно статистички податоци за успешноста на инвитро оплодувањето, за успешно завршените бремености и породувања во ова животно доба.

Жените донесуваат одлука покасно да се породат од неколку причини. Најчеста причина е кариерата, друга причина е финансиската и станбената стабилност, меѓутоа честа причина е и верувањето во методите на инвитро оплодувањето. Може и од медицински причини жената да го одложува породувањето.

Одлуката да се биде мајка после 50-те години е храбра одлука, одлука којашто жената ја става во одредена дилема, или состојба на страв и анкциозност. Опциите за забременување после 50-те години, во постара животна доба може да бидат со сопствени јајни клетки, тоа се многу ретки примероци на такви забременувања, забременување со криопрезервирани замрзнати јајни клетки и најчесто забременување е со донирање на јајни клетки.

За сите ова е голем предизвик како за идната мајка, така и за докторите, сестрите, биолозите, односно за целиот тим кој се бори да се донесе на свет здраво новороденче.

Приказните за вакви успешни приказни со среќен крај кај жените во поодминати години , се она што ни го прави нашиот животен позив поинаков, и ние на тоа сме горди и за тоа имаме садисфакција. Во текот на нашата пракса имаме многу примери на забременување на жени после 40-те години, од 40 до 45 години, меѓутоа имаме малку примери како и во литературата и во целиот свет на забременување на жени после 50-тите години. Имавме пет примери, од нив три успешно донесени бремености, со здрави новороденчиња. Кај една жена за жал имавме предвремено породување со загрозеност на плодовите во 25-та и 26-та недела. Во моментот имаме жена којашто има 49 години сега е во 36-тата гестациска недела и очекуваме овај месец да се породи.

Пациентките во поодминати години, после 50-те години, сакам да запаметат идните мајки, сите коишто планираат потомство во покасните нивни години, да им кажам дека процентот на успешност на инвитро постапките е многу помал во однос на жените од помладата популација. Затоа апелирам првенствено да размислуваат за мајчинството, а кариерата и другите причини да ги остват за покасно“, рече Прим. Д-р. Таше Трпчевски од Болница Плодност-Битола.