Голема бура, проследена со силен дожд и грмотевици ја погофи Хрватска, а облаците со дожд почнаа од рано утрото. Повеќе од 50мл дожд наврнаа за кратко време предизвикувајќи поплави, Истра најмногу зафатена. Ова беше прогнозирано од Европската лабораторија за бури. Нејзинита научниците тврдат дека крајот на месец јули и почетокот на август ќе има заладување, кое што не е нормално за ова време од годината, како што имаме високи температури ненормални за ова време од годината.
Две предупредувања издаде Хрватскиот хидрометереолошки завод – за опасност од бура и портокалово предупредување за висока температура. Невремето го завати истарскиот брег, со интензивни врнежи од дожд, силе ветер, на некои места дури и врнежи од град. Ова беше прогнозирано од Европската лабораторија за силни бури којашто работи на анализа на промените на времето и на своја кампања за надградување на системите за најава на бури и торната на тлото на Европа, нешто што според повозрасната генерација е непотребно за централна и јужна Европа.
Сепак, според лабораторијата, викендов Балканот ги доживеал своите рекордни температури на воздухот.
„Сабота, 26 јули, донесе екстремен, историски топлотен бран во делови од јужно-централниот Балкан. Температурите достигнаа до 44 °C во Србија и Грција, 43 °C во Црна Гора, Северна Македонија и Албанија и 42 °C во Романија.“ Ден претходно во Турција била регистрирана рекордна температура од 50 Целзиусови степени,
Промените во температурите влијаат и врз скандинавските земји, весниците анализираат дека во Швеѓаните сега се во наплив на купување климатизери – според одредени проценки покриеноста со климатизери им била само 4%. Нордиските земји пак сите заедно стигнувале до 30% проценти, наспроти балканските кадешто покриеноста со климатизери е преку 50% од населението и јужно-европските земји кадешто на дневна основа температурите стигнувааљт до 40 степени, какао Шпанија во последно време.
Според Европската лабораторија за силни бури (ESSL) јули ќе заврши со студен бран и тоа најмногу ќе биде забележано на Балканот и тоа за цели 10 степени од Целзиусовата скала. Длабокото опаѓање се протега на југ, ширејќи интензивен студен бран длабоко во Медитеранот. 5-дневната аномалија на температурата на површината (2 m) исто така ќе биде значително пониска од очекуваното за крајот на јули и почетокот на август. Веројатни се сите видови лоши временски услови, вклучувајќи неколку торнада, штетни ветрови, голем град и поројни и прекумерни врнежи од дожд.

Најинтензивните бури се предвидуваат од раните утрински часови во близина на долината на делтата на реката По, ширејќи се кон југ од двете страни на Јадранското Море, додека површинската ниска температура се движи кон него во текот на денот и вечерните часови. Денеска веќе има информации кои ја потврдуваат оваа прогноза во Истра. Прекумерни врнежи од дожд поврзани со широко распространета активност на силни грмотевици се очекуваат од Романија преку Украина до Белорусија и балтичкиот регион, Силни врнежи од дожд се предвидуваат и низ делови од западен Балкан и западен Јадран долж италијанскиот брег.
Следните 5-7 дена ќе бидат многу постудени од вообичаеното низ Западна Европа, Централна Европа и Медитеранот. Температурите ќе бидат за 4-7 °C пониски од вообичаеното, со кои ќе биде дочекан месец август.
Прогнозата на македонската УХМР е во слична насока, вели, до четврток ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе продолжи и северниот ветер на кој беше изложен најјужниот дел на балканскиот полуостров но со променлив интензитет.
фотографии: сопственост на severe-weather.eu













