ТЕРА

REKLAMA???

ЕДЕН АКТИВЕН ПОЖАР И ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

„Активен е пожарот на територија на општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“– се вели  во соопштението на Центарот за управување со кризи (ЦУК), „ Горат нискостеблеста шума и сува трева.“

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е еден, еден е ставен под контрола, а изгаснати се 20. Под контрола е пожарот во општина Чашка, на планината Мукос, село Степанци и местото викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица каде што гори мешана шума.

Изгаснати се вкупно 20 пожари, додаваат од ЦУК.