ТЕРА

REKLAMA???

„ЕДМОНД“ Е НОВАТА ПРЕМИЕРА НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР

Битолскиот театар ја подготви својата петтаа премира за оваа календарска година.

„ЕДМОНД“ од Дејвид Мемет е текстот кој се постави на битолската сцена. Режијата е на Оливер Мицевски, кој димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, но како што рече директорот Мавровски повеќе од 14 години го немаме на сцените во Македонија.

Претставата рече Мавровски е зо знак 18 плус, заради дел од текстот. Режисерот Мицевски рече дека е радосен што е тука, што работи во овој театара.

Едмонд го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор.

Главната улога ја толкува Огнен Дранговски, а играат и Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска и Маја Андоновска Илијевски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, музиката на Марјан Неќак.