ТЕРА

REKLAMA???

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО СМЕДЕРЕВО

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија што се случила синоќа во зграда на улицата „Слобода“ во центарот на Смедерево. Дваесет и двегодишна девојка се здобила со полесни повреди, додека нејзиниот брат е тешко повреден и поради повреди на двете очи е префрлен на лекување во Белград, пренесува РТС.

Експлозијата се случила синоќа околу 20:30 часот на последниот, четврти кат од зградата, а оштетени се сите 25 стана во зградата.

Од српското Министерство за внатрешни работи потврдија дека едно лице го загубило животот, а две се повредени.

Експлозивот, како што наведува Нова.рс, го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка расправија со станарите кои го изнајмувале тој стан, а како причина за кавгата била неплатена кирија.

Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но потстанарите не му дозволиле. После тоа тој се обидел да постави бомба во станот, а од експлозијата тој се разнел, додека двете лица се повредени.

Од српската полиција велат дека причината се уште се утврдува.

Фото: Нова.рс