„Зимската приказна“ започна вчера, а ќе трае до 1 јануари. На првиот ден повеќе културно-музички настапи на неколку локации во градот.

Централната е пред Офицерскиот дом каде настапија КУД „Стив Наумов“, потоа ѕвездите на ,, ТРА ЛА ЛА ” и детската театарска претстава ,, НОВИОТ ЕЛФ “ – Театар Дел Арте.


Уличната променада беше од пладне со настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред киното Манаки и пред Веро.



Вечерната програма беше пред Офицерскиот дом со EXPOSE Dance Studio, потоа Битолскиот дувачки оркестар и солистот Нико Ѓоргиевски и за крајот на првиот ден групата ГРОМ.
















