Во Битола вечерва свечено започна 11. издание на Шекспир Фестивалот, кој ќе трае од 14 до 21 ноември 2025 година во Народниот театар – Битола. Годинава фестивалот се одржува под мотото „Стореното не може да се поништи“ и го обединува духот на Шекспир преку претстави од пет држави – Полска, САД, Хрватска/Англија и Бугарија и неколку претстави од македонските продукции.

Свеченото отворање беше одбележано со премиерата на „Макбет“ во режија на Сабо К. Иштван, токму на денот кога Народниот театар Битола го слави и јубилејот – 81 година од неговото формирање, што дополнително ја засили симболиката и значењето на фестивалската вечер за присутните, од чии почетоци ги имаме и објавените фотографии.
Фестивалот ја потврдува позицијата на Битола како „сцена на Шекспировиот дух“ и како значаен регионален театарски настан.













