Универзитетот Свети Климент Охридски ќе го одбележи својот патронен празник со серија настани. Денеска на прес конференција ги соооштија деталите. Ќе се реализираат настани и во соработка со средните училишта.

Неделата што започнува ќе измине во знакот на јазичниот идентитет и посебност што само по себе се наметнува како најважен момент од одбележуавњето на патрониот парзник на Универзитетот св. Климент Охридски. Активностите кои денеска на прес конференција ги најави ректоротската управа и нивните гости бо фокусот го имаат токму јазикот. Во соработка со гимназијата Јосип Броз Тито ќе се реализира последното одбележување на 80 годишнината од кодифицирањето на македонскиот литературен јазик. – рече ректорот, проф. Д-р Игор Неделковски.
Преставата „СЛОВОЉУБВЈЕ“ ќе биде отворена за сите, претставува продолжение, продлабочување на претставата„ Експеримент Македонизам“ што Гимназијата ја прикажуваше ви текот на своето одележување на 8 децениското постоење – објасна проф. Д-р Даниела Петровска, заменик директорка на Гимназијата.

Во текот на скоро целонеделното празнување во градот повторно ќе гостуваат академски граѓани, професори, ректори, од европски универзитети.













