РК Еурофарм Пелистер 2 ја извести јавноста дека на истек на договорот ова лето клубот го напушта тренерот на екипата Александар Зарков. Заради интернационален предизвик во Грција, Зарков се одлучи за нов почеток и нашиот клуб му посакува успеси и многу среќа.
Зарков е жива легенда на битолскиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Еурофарм Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер.
Новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2 наскоро ќе биде официјализиран и претставен пред јавноста.












