ТЕРА

REKLAMA???

„ЗА-НЕД-ДО“ СО ПЕТ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ОД БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГРЦИЈА

Академијата “ЗА – НЕД – ДО” со пет златни медали [ 2 со нокаут ] од Балканското првенство во Грција.

Викендов во амфитеатарот на Ставрос во близина на Солун – Република Грција во организација на Светската Федерација во Боречки Вештини – WFMA чиј основач е и Академијата за боречки вештини и спортови “Златко Неделковски” позната и како “ЗА – НЕД – ДО” се одржа 11-тиот Балкански шампионат.

Учество со свои национални тимови имаа земјите од Балканот и тоа Грција, Бугарија, Македонија, Кипар и Хрватска со над 1.ООО борци.

Тимот на “ЗА – НЕД – ДО”од Битола предводен од главниот тренер и официјален претставник во WFMA – Кик Бокс мајсторот Дијана Неделковска броеше шест натпреварувачи кои од 11-тиот Балкански шампионат на WFMA се враќаат со следните резултати:

Јована Јаневска [ 9 години ] категорија до 22 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал;

Бобан Гарабиљевиќ [ 13 години ] категорија до 59 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал со завршена борба со нокаут;

Давид Јошевски [13 години ] категорија до 54 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал;

Илче Филкоски [16 години ] категорија до 52 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал;

Пенелопа Кочевска [ 16 години ] категорија до 63 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал со завршена борба со нокаут;

Бобан Гарабиљевиќ [ 13 години ] категорија до 59 килограми во категоријата лоу кик кој извади нерешен резултат и

Лина Зенуни [ 14 години ] категорија до 51 килограм во категоријата лајт контакт со пораз.