„ Авалон “ најавува дека најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден концерт за цела Македонија, и тоа на 1 август во Битола!
Здравко доаѓа во Македонија на Стадионот ,,Петар Милошевски” во Битола во време во кое, со своите концерти, ги урива сите рекорди по посетеност ширум регионот.
Вечната борба со самиот себеси, да се оди само напред, само со неговите безвременски песни, скромно, културно и пред сѐ квалитетно, ги прави неговите тричасовни концерти секоја година сѐ подобри и подобри, неверојатно енергични и пред сѐ, на високо светско ниво според сите норми и стандарди… на големо задоволство на неговата публика која, како времето одминува, е сѐ побројна и побројна, правејќи ги неговите концерти голем собир на буквално сите генерации.

















