ТЕРА

REKLAMA???

СЕ БАРА ДЕМИЛИТАРИЗИРАЊЕ НА ЗОНАТА ОДКОЛУ ЕЛЕКТРАНАТА ЗАПОРОЖЈЕ

Обединетите нации ги отфрлија информациите дека стојат зад какво било доцнење со доаѓањето на меѓународните инспектори во нуклеарката во Запорожје, додека загриженоста се зголемува поради извештаите за гранатирање околу централата.

Украинските и меѓународните предупредувања се интензивираа, а Русите наводно се подготвуваат да го пренасочат производството на енергија од Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа и која има шест реактори дизајнирани од Советскиот Сојуз.

ОН соопштија дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), дејствува независно, но оти украинската и руската страна мора да се договорат за посета.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон за како што вели, рускиот „нуклеарен тероризам“. Зеленски му ја опишал на Макрон ситуацијата во нуклеарната централа во Запорожје, на југот на Украина, која е под руска контрола и која е цел на напади.

Од Kабинетот на Макрон потврдија дека имало разговор, но не соопштија детали.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара создавање на демилитаризирана зона околу електраната Запорожје.