ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС КАЈ БЕРОВО

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 22.06.2023 година во 09 часот и 53 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 км југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда 2.7 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.