ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА

Најмалку пет лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени во Папуа Нова Гвинеја. Земјотресот е со епицентар на 67 километри источно од Кајнанту, што е ретко населена област.

Според локалните власти, земјотресот се случил утрово, има повредени, а оштетена е и инфраструктурата. Три лица загинале во лизгање на земјиштето во градот Вау.

Според локалните власта од земјотресот биле уништени здравствени установи, домови и патишта.

На тој дел од островот нема многу граѓани и високи згради во близина на епицентарот и поради тоа е избегната катастрофа со оглед на тоа што земјотресот бил толку силен.