Силно невреме проследено со обилен град предизвика неверојатни сцени во германскиот град. На десетици градски работници и неколку машини за чистење снег им беа потребни повеќе часа да го отстранат мразот од улиците, пишува Дојче Веле.

Според информациите од управата од германскиот град Ројтлинген и локалната противпожарна служба, во петокот, на 4 август, низ центарот на Ројтлинген поминало „локално невреме со обилен град и пороен дожд“.
Улиците во Ројтлинген биле покриени со дебел слој бел град висок 30 сантиметри.

„Лисјата и 30-сантиметарскиот слој град ги блокираа одводните шахти и водата навлезе во подземните гаражи, подруми и станбени згради“, објави градот преку својот профил на Твитер.
Техничките служби излегле со неколку машини за снег за да ги расчистат улиците. Според информациите од градот, во околу 100 интервенции биле вклучени околу 250 професионални пожарникари и сите доброволни противпожарни единици.













