На Државното првенство за кадети-јуниори кое се одржа во саботата во ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто, К.К. „ЗАНШИН ДО „-Битола се закити со злато и сребро во ката тим, информираат од клубот.

Со златен медал во ката тим се закитија Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски со што обезбедија пласман за Европското првенство во ката тим мажи.

Ова е историски медал за Битола, за прв пат Битолчани се државни шампиони во ката тим мажи кадети-јуниори. Со сребрен медал во ката тим се закитија Леона Алиловсла, Елена Јончевска, Емилија Илковска и Надалина Талевска.

„Горда сум како тренер бидеќи катите бараат долгогодишна работа и посветеност , сите овие натпреварувачи тренираат по 10-12 год. секојдневно ,меѓутоа полека целта се постигнува. Тука не застануваме, продолжуваме со подготовки за нови предизвици“ вели тренерот Стевка Јанковска-Петковска.













