ТЕРА

REKLAMA???

Изведена претставата „Црнила“ за денот на Прилеп

Театарот „Војдан Чернодрински“ се вклучува во одбележувањето на трети ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп со изведбата на  претставата „Црнила“ според Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Со изведбата на претставата воедно се одбележаа и шестте награди што беа освоени на двата фестивали:МТФ „Војдан Чернодрински“ и меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. По изведбата на претставата на актерот Александар Степанулески ќе му бешее врачено признанието за најдобар актер доделено на фестивалот „Ристо Шишков“.