ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛ И ХАМАС ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИ ВО ЕГИПЕТ

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и на Хамас денеска треба да се сретнат во Египет за да разговараат за мировниот план што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пишува агенцијата МИА.

Како што пренесе ДПА, двете страни ќе се обидат да постигнат договор заснован на планот од 20 точки што Трамп го објави пред една недела.

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека првичниот фокус на разговорите, кои ќе се водат преку посредници, ќе биде постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници кои ги држат милитантите во Газа во замена за палестински затвореници во Израел.