Претседателката на Советот Габриела Илиевска која нема да биде дел од новиот состав на Советот на Општина Битола бидејќи е кандидат за градоначалничка на Битола не сакаше да каже кој ќе и недостасува од советниците од составот во заминување, но вели дека смета оти оние кои што ќе останат во оваа сала се луѓе, за кои се надева дека ќе се залагаат за битолчани.
„Значи јас нема да бидам советник и не можам да кажам како советник дали некој ќе ми фали…ме пресеквате на секое, ве молам да ме оставите да се доискажам, нема да ми фалат како советници, бидејќи јас нема да бидам советник, меѓутоа како градоначалник искрено се надевам дека заеднички ќе ги спроведуваме проектите кои им се потребни на битолчани“ вели Илиевска.
На прашањето кој го очекува во второт круг за избор на градоначалник на Битола, вели оној кој ќе има повеќе гласови од другите кандидати.
Кој го посакувате за противкандидат, беше нашето прашање.
„Тоа ќе одлучат граѓаните, јас секако ќе бидам во втор круг“ ни одговори Илиевска.












