Од 2 до 10 октомвври Битола е домаќин на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. По 34-ти пат се крена фестивалската завеса.

На отворањето на фестивалот „Катули Кармина“ од Карл Орф во изведба на мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ од Битола со Камерниот оркестар и солистите Билјана Талевска, сопран и Саша Арсенков, тенор од Србија.
Следниот ден беше концертот на Адмир Дочи, гитара од Албанија и Италија. Тој е еден од наиновативните гитаристи на својата генерација. Неговите интерпретации според интернационалната музичка критика се одликуваат со виртуозност, богатство на музички идеи, сензибилитет и Широк распон на динамични нијанси.

„Кирил Македонаки 100 години од раѓањето“ беше исто така еден од настаните на годинашното издание. Националната установа Камерен оркестар Битола со солистот Гернот Винишхофер, виолина, Австрија.

Композиторот Кирил Македонски е роден во Битола 1925 година. на 11 годишна возраст започнува да учи виолина. По завршувањето на класичната гимназија, ги започнува студиите по диригирање и композиција најпрво на музичката академија во Загреб, а потоа и во Сараево. Магистрира во Љубљана. Беше и директор на основното музичко учииште во Битола. Тој е еден од најзначајните и најплодни македонски композитори, а во негова чест и оваа вечер на Интерфест.

Реномираниот австриски виолинист Гернот Винишхофер е победник на многу национални и интернационални конкурси. По дипломирањето развил широка концертна кариера и настапувал на многу фестивали низ Европа и пошироко. Покрај педагошката работа како професор на универзитетот во Виена, долги години одржувал мастеркласови и натпревари во летната академија.
На програмата на Интерфест беше и концертот на Вокално-инструменталното трио од Србија, Јелена Јовановиќ-сопран, Владимир Везенковиќ, обоа и Бојан Младеновиќ, пијано.

Везенквиќ завршил средно музичко училиште во Скопје и дипломирал на обоа на ФМУ во Скопје. Тој живее и работи во Ниш, Србија. Како прв обоист на нишкиот симфониски оркестар настапил повеке од 20 пати изведувајќи солиситички делници на концерти за обоа од Бах, Хендл, Вивалди, Моцарт…
Јовановиќ, сопран, родена во Ниш, основно и средно музичко училиште завршува во Ниш и Лексовац. Со 16 години се запишува на факултетот на уметности во Ниш, каде дипломира и магистрира со највисок успех. Освен бројните настапи, таа работи и како пртофесор по соло пеење во музичката школа во Ниш.

Пијанистот Младеновиќ дипломирал и магистрирал на ФМУ во Белград. Во 2025 година докторирал камерна музика на факултетот во Белград. Развива интензивна концертна дејност, а работи како доцент по пијано и дуо пијано на факултетото на уметности во Ниш.
На „Интерфест“ и театарската претстава „Едмонд“ на битолскиот народен театар. Вечерва е концеротот на триото „Хоризонти“ од шварцарија, а в петок на свеченото затворање рецитал Џанлука Луизи, пијано, Италија, Шопенова вечер.













