ТЕРА

REKLAMA???

И ВО БИТОЛА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ПРОТЕСТИРАШЕ

Пред основниот суд во Битола судската администрација излезе денеска на едночасовен протест со барање за повисоки плати. Протестираат заради како што рекоа за барањата кои не им биле удоволени од страна на Министерството за финансии. 

„Протестот конкретно е за барања кои не ни беа удоволени од страна на Министерството за финансии, односно не ни се удоволени барањата за зголемување на плата, исплата на додатоци и исплата на разлика на додатоци за периодот за кога додатоците се исплаќаа без да биде пресметуван минатиот труд. Прво ние имавме еден протест кој што се одржа пред скопксите судови каде што присуствувавме дел од членството, а сега овај е повторно протест кој што е организиран. Барањата на Здружението за судска администрација се следните: зголемување на платите на вработените во судската служба во висина од најмалку 30%, исплата на најмалку 25 % на име додатоци на плата и исплата на разлика за додатоци за периодот кога додатоците ги исплаќаа без да биде пресметуван минатиот труд“, рече Билјана Секуловска Гагачева, судски советник во Основен суд во Битола и претседател на Зружението на судска администрација,подружница Битола.

Ваков едночасовен протест на судската администрација денеска се одржа и во други градови од државата.