Кафето е пијалак, кој се подготвува од печени зрна (семки) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс – кофеинот, и според многубројни медицински експерти, создава вистинска зависност (кoфеинизам). Ако прочитате на интерент се вели дека кафето после нафтата е производ со кој најмногу се тргува во светот.
Првата кафетерија во Америка била отворена во Бостон во 1670 година.
Светскиот ден на кафето, за кој се тврди дека потекнува од Јапонија од 1983 со настан организиран од страна на Сејаpонската организација за кафе, се случува на 29 септември како настан одбележан во повеќе земји, а од пред повеќе години 1 октомври се одбележува како меѓународен ден на кафето, а во Битола како секој ден да е ден на кафето.
Се смета дека етиопските предци на денешниот народ Оромо биле првите што ги препознале енергетските ефекти на кафе растението. Не постои јасен доказ кој укажува каде се одгледувало кафе во Африка или кој меѓу населението го користел како стимуланс или пак знаел за тоа пред почетокот на 17век.
Првото европско кафуле се отворило во Венеција во 1645 година. Холанѓаните први внеле кафе во голема мера. Првиот извоз на индонезиско кафе од Јава во Холандија се случил во 1711 година. Преку напорите на Британската источноиндиска компанија кафето станало популарно и во Англија. Кафулето Квин Лејн во Оксфорд отворено во 1654 година постои и денес. Кафето во Франција било воведено во 1657 година.
На територијата на Сан Доминго (денешен Хаити) започнале со одгледување на кафе од 1734 година, а од 1788 го снабдувале со кафе половина од светот.
Традиционалниот начин за садење на кафе е да се стават 20 семиња во секоја дупка на почетокот од дождовната сезона. Половината природно се уништуваат. Поефикасен начин за одгледување кафе, кој се користи во Бразил, е подигање сандици во расадници кои потоа се засадуваат надвор од шест до дванаесет месеци.













