Јавното претпријате „Стрежево“ Битола ги повикува сите водокорисници на рационално и наменско користење на водата, со цел да обезбедиме доволни количини за сите култури и непречено наводнување до крајот на сезоната.
„Се забранува самостојно пуштање на делнични цевководи од страна на граѓани, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за појава на штети и може да предизвика прекин во водоснабдувањето за останатите корисници. Апелираме на одговорно однесување и почитување на процедурите“ стои во соопштението на јавното претпријатие.












