Есента со своите бои сеуште е присутна, но на 1.300 метри надморска висина, Ниже Поле осамна во вистинско зимко руво.
Според Европската служба за климатски промени претстојната зима би можела да биде потопла од климатскиот просек, но тоа не значи дека Пелагонија ќе биде без снег или без силни студени бранови.
За Битола особено важни се зимските температурни инверзии, мразот, маглата и тоа дали студениот воздух ќе се совпадне со медитерански циклон што носи снег.











