Македонската публика имаш можност да ужива во настапот на нашиот реномиран и светски познат тенор со интернационална кариера, Благој Нацоски, кој во Скопје имаше два концерти во македонската Филхармонија, ќе настапи и во Македонската опера и балет.
Со делото ‘An die Musik’, односно ‘На музиката’ на Шуберт со македонската Филхармонија започна програмата, како дел од концертот Сафи.

„За првпат делото го изведував со оркестар, а тоа важи и за останатите седум делови. Сите ќе доживеат македонска премиера со оркестар“, вели Нацоски. Со оркестарот на Филхармонија тој настапи како солист заедно со пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент беше Виктор Митревски. Следниот ден Нацоски со пијанистот Чамаруги одржаа и камерен концерт насловен „Меѓа“, на кој во рамките на програмата „Убавата воденичарка”, на Франц Шуберт, имаше македонска премиера.
Концертите беа поддржани од Италијанската амбасада во Скопје и од италијанскиот Институт за култура од Белград. На 17. декември Нацоски настапи и како солист на операта, во популарната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, заедно со Катерина Стојановска и Нико Ѓоргиевски.












